Мегасофт Компјутери

Најдоброто од ИТ

Имаме чест да ви соопштиме дека Мегасофт е веќе официјален застапник за софтверската компанија Аваст, позната по своите професионални безбедносни софтверски решенија за компјутери. Сигурно имате слушнато за бесплатната антивирусна верзија avast! Free Antivirus која Аваст ја нуди прилично долго време. Се работи за антивирус за домашни корисници, кои сакат да поминат најефтнио што може т.е. бесплатно :)

Иако бесплатната варијанта е прилично солидна и најдоброто решение што може да се најде за тие пари, Аваст не се ограничуват само на тоа. Дечките нудат и платени верзии на својот софтвер кои се далеку попрофесионални и сериозни во својата работа од скоро и со најновата верзија 5. Се работи за avast! Internet Security 5 и avast! Pro Antivirus 5,  а разликата е во тоа што Internet Security нуди плус заштита на идентитетот при сурфање онлајн и заштита на мејловите.

Во нашето долгогодишно искуство со разни антивируси можеме да го пофалиме аваст како еден од најдобрите момци за таа работа, надминувајќи ги дури со својата технологија и најголемите играчи во браншата. Со склучениот договор помеѓу Мегасофт и Аваст можете да се здобиете со платени верзии на програмот кај нас по истите цени кои се објавени на нивниот вебсајт, и се разбира сите промоционални цени важат и кај нас. Моментално оди промоција: Купи лиценца за една и добиј за две, па побрзајте :)

Пробни верзии на платените верзии на аваст можете да симнете од:

avast! Internet Security 5

avast! Pro Antivirus 5

А еве го и ценовникот за поголеми количини:

avast! Internet Security 5
Лиценци 1 година 2 години 3 години
1 2.904 ден. 5.488 ден. 8.072 ден.
3 3.873 ден. 7.426 ден. 10.979 ден.
5 5.811 ден. 10.979 ден. 16.147 ден.
10 10.979 ден. 21.315 ден. 31.651 ден.
avast! Pro Antivirus 5
Лиценци 1 година 2 години 3 години
1 2.581 ден. 4.842 ден. 7.103 ден.
3 3.227 ден. 6.134 ден. 9.041 ден.
5 5.165 ден. 9.687 ден. 14.209 ден.
10 9.041 ден. 17.439 ден. 25.837 ден.
avast! Internet Security 5
license 1 year 2 years 3 years
1 2.904 ден. 5.488 ден. 8.072 ден.
3 3.873 ден. 7.426 ден. 10.979 ден.
5 5.811 ден. 10.979 ден. 16.147 ден.
10 10.979 ден. 21.315 ден. 31.651 ден.
avast! Pro Antivirus 5
license 1 year 2 years 3 years
1 2.581 ден. 4.842 ден. 7.103 ден.
3 3.227 ден. 6.134 ден. 9.041 ден.
5 5.165 ден. 9.687 ден. 14.209 ден.
10 9.041 ден. 17.439 ден. 25.837 ден.

Попусти до 50% за училишта и невладини организации, и големи отстапки за компании со потреба од повеќе лиценци.

Огромниот успех на “паметната” видео картичка Asus R.O.G. EN9600GT MATRIX/HTDI/512M ја предизвика AsusTek да ја пушти на пазарот новата видео картичка со име ASUS R.O.G. EN9800GT MATRIX/HTDI/512M која е изработена на база на nVidia GeForce 9800GT.

Делото се смета како најдобро и оптимално решение за најзахтевните гејмери. Има можност за автоматска регулација на напонот, фреквенцијата и брзината на вртење на вентилаторот.

Видео картата е изработена со најсовремената технологија на Асус Super Hybrid Engine Technology, снабдена со вентилатор Hybrid Cooler и користи многу корисен оверклокерси инструмент iTracker, кој им дава за избор на корисниците пет конфигурирани профили (Optimized Mode, Gaming Mode, Power Saving Mode, Default Mode и User Defined Mode).

Притоа во најтешкиот режим 3D вентилаторот работи во максимален број обороти, видео картата е со 15% побрза и напонот на GPU и меморијата се покачува од  1,2 V. до 1,3 V. и од 1,9 V. до 1,92 V. соодветно. Фреквенциите на графичкото јадро, шејдерските блокови и меморијата се покачуваат од 600/1512/1800 MHz. до 750/1753/2000 MHz. Но, при работа со 2D материјали видео картата е 30% поекономична бидејќи напонот на GPU и меморијата паѓат од 1,2 V. до 0,9 V. и од 1,9 V. до 1,8 V. соодветно, а консумираната моќ благодарение на технологијата Auto Phase Switch Technology се намалува од 46,27 W. на 32,44 W.

Close [X]