Огромниот успех на “паметната” видео картичка Asus R.O.G. EN9600GT MATRIX/HTDI/512M ја предизвика AsusTek да ја пушти на пазарот новата видео картичка со име ASUS R.O.G. EN9800GT MATRIX/HTDI/512M која е изработена на база на nVidia GeForce 9800GT.
Делото се смета како најдобро и оптимално решение за најзахтевните гејмери. Има можност за автоматска регулација на напонот, фреквенцијата и брзината на вртење на вентилаторот.
Видео картата е изработена со најсовремената технологија на Асус Super Hybrid Engine Technology, снабдена со вентилатор Hybrid Cooler и користи многу корисен оверклокерси инструмент iTracker, кој им дава за избор на корисниците пет конфигурирани профили (Optimized Mode, Gaming Mode, Power Saving Mode, Default Mode и User Defined Mode).
Притоа во најтешкиот режим 3D вентилаторот работи во максимален број обороти, видео картата е со 15% побрза и напонот на GPU и меморијата се покачува од 1,2 V. до 1,3 V. и од 1,9 V. до 1,92 V. соодветно. Фреквенциите на графичкото јадро, шејдерските блокови и меморијата се покачуваат од 600/1512/1800 MHz. до 750/1753/2000 MHz. Но, при работа со 2D материјали видео картата е 30% поекономична бидејќи напонот на GPU и меморијата паѓат од 1,2 V. до 0,9 V. и од 1,9 V. до 1,8 V. соодветно, а консумираната моќ благодарение на технологијата Auto Phase Switch Technology се намалува од 46,27 W. на 32,44 W.
No related posts.
Responses to “Асус ја додаде Geforce 9800GT во серијата R.O.G. MATRIX”